Телекомуникациските оператори почнуваат со објавување на кварталните резултати од своето работење. Денеска Македонски Телеком ќе ги објави својот неревидираниот неконсолидиран и неревидираниот консолидиран Биланс на успех за периодот јануари - март 2014 година, како и соодветните образложенија за работењето. Финансиските резултати за првиот квартал денеска ќе ги објави и Вип оператор, додека компанијата ОНЕ неревидираниот биланс за првите три месеци од годинава јавно ќе ги објави на 22 овој месец. Главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев на почетокот на годинава изјави дека телекомуникацискиот пазар не расте, туку бележи тенденција на стагнирање.
Телекомуникациските оператори почнуваат со објавување на кварталните резултати од своето работење. Денеска Македонски Телеком ќе ги објави својот неревидираниот неконсолидиран и неревидираниот консолидиран Биланс на успех за периодот јануари - март 2014 година, како и соодветните образложенија за работењето.
Финансиските резултати за првиот квартал денеска ќе ги објави и Вип оператор, додека компанијата ОНЕ неревидираниот биланс за првите три месеци од годинава јавно ќе ги објави на 22 овој месец.
Главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев на почетокот на годинава изјави дека телекомуникацискиот пазар не расте, туку бележи тенденција на стагнирање.
- Многу веројатно е дека во 2014 година ќе бидеме за прв пат, пред се како резултат на значајното намалување на големопродажните цени од 1 ноември 2013 година, особено во делот на говор за 70%, со намалени приходи на операторите во делот на големопродажба. Тоа ќе значат воедно и значително намалување на целиот пазар. Затоа, сите ќе мораме да работиме посветено во делот на оптимизирање на своите трошоци, туку и во делот на изнаоѓање на нови извори на приходи - нагласи Љушев.